Премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција изјави дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани и дека тој тоа го пријавил.
По изјавата на Заев шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Независен весник“ вели оти всушност Заев е тој кој прв ги известил по неа и по републичкиот обвинител Љубомир Јовески.
– Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави – вели Русковска.