Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров во Скопје ќе ја пречекаат бугарска ЦСКА Софија во рамки на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференцискста лига, соопшти официјално попладнево освојувачот на Македонскиот фудбалски куп.
Натпреварот, како што беше првично закажано, ќе се игра на тренингот центарот на ФФМ „Петар Милошевски”, в четврток со почеток во 17:30 часот.
Реваншот е по една недела во Софија.