Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги враќаат назад пратките со пластичен отпад што им ги испратија западните компании, објави „Си-ен-ен“.
Официјални лица од земјата во средата соопштија дека на САД и на Канада ќе им ги испратат назад нивните 1.600 тони ѓубре.
Државниот секретар и портпарол на Министерството за животна средина на Камбоџа, Нет Фактра, рече дека во вторникот се пронајдени 83 контејнери со пластичен отпад во главниот пристаниште во југозападниот дел на Сихануквил. Тие биле означени како „производи што можат да се рециклираат” и немале етикета дека содржат пластичен отпад.
„Камбоџа не е канта за отпадоци”, рече Фактра. „Покрај тоа, владата остро се противи на секој обид за увоз на пластичен отпад и рециклирани масла за подмачкување”.