Досегашниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, постигна начелен договор за трансфер во Рома каде би пристигнал без обесштетување, откако му заврши соработката со Јувентус.
Аргентинскиот напаѓач се очекува да потпише тригодишен договор со клубот од Рим и би заработувал шест милиони евра по сезона.
Дибала го носеше дресот на Јувентус од 2015 година кога дојде од Палермо, а со клубот од Торино освои пет италијански титули и четири трофеи во националниот куп.
Аргентинецот ќе биде четврто засилување во тимот на Жозе Мурињо, по Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик.