Се урна авион во близина на Зрењанин, пожарникарите со часови се обидуваат да го извлечат телото на загинатиот пилот

Малиот авион Злин 526 Ф со пилотот Владимир Булат (47) падна во близина на аеродромот Ечка кај Зрењанин. Според РТС,  пилотот Булат починал.

Несреќата се случи додека Булат, кој беше претседател на Аероклуб Зрењанин, изведуваше акробатски лет.

Пожарникарите се обидуваат да го извлечат телото на пилотот Владимир Булат (47) од руината на авионот „Злин 526 Ф“, кој при падот се зари два метри длабоко во земјата!

Според „Блиц“, на местото на несреќата има пожарникари, екипа на Итна помош и полицајци кои се обидуваат да го извлечат телото на пилотот.

Како што известува РТС, на самото место пристигна градежна машина која треба да ја извлече руината на авионот која се наоѓа длабоко во земјата.

Треба да знаете
Последни објави