Украинското Министерство за надворешни работи протестираше против указот на рускиот претседател Владимир Путин со кој се олеснија правилата за државјанство за сите жители на регионите Донецк и Луганск во Украина, пренесува ТАА.
„Украинското МНР остро го осудува обидот на руските власти да ја продолжат понуда за забрзана постапка за добивање државјанство на сите жители на регионите Донецк и Луганск, кои се украински државјани”, се вели во изјавата на министерството.
„Потегот на Русија претставува отворено мешање во внатрешните работи на Украина, независна и суверена држава, и претставува сериозна закана за безбедноста на целиот европски континент”, се додава во соопштението.
Украинското МНР, исто така, посочи дека Киев нема да прифати такви декрети за државјанство и ќе побара од своите странски партнери да одбијат да ги признаат тие пасоши и да ги заострат санкциите кон Русија.