Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Илија Несторовски со голови ќе се бори за место во италјанскиот калчолигаш Удинезе и враќање во дражавниот тим на „црвено-жолтите“. Откако вчера постигна два гола против Унион Берлин, денеска „Нестор-гол“’ постигна уште три против словенечкиот тим Илирија (3:0) на подготвителните мечеви пред стартот на сезоната за Удинезе.
Несторовски има постигнато вкупно шест гола во три меча за Удинезе досега во подготовките, а денеска головите ги даде во второто полувреме, откако влезе во игра на стартот од вториот дел, па стрелаше во 48-та, 75-та и 87-та минута од мечот.
Несторовски беше на излезна врата поради малата минутажа и договорот што му заврши летово, но остана во Удинезе и потпиша нова едногодишна соработка.



