Руското Министерство за одбрана го отфрли како неоснован неодамнешниот извештај на „Ројтерс“ кој тврди дека Русија неодамна испратила копнени сили и специјални сили во северозападната сириска провинција Идлиб за да се бори со сириската армија против опозицијата, пренесува „Спутник“.
„Тврдењата дека руските копнени сили и специјални сили, наводно, учествуваат во воените операции во провинцијата Идлиб, што се шират од „Ројтерс“ од Велика Британија се уште една лажна вест. Во Сирија нема руски копнени сили, и никогаш немало”, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Вестите доаѓаат неколку дена откако џихадистите ја нападнаа населбата Хараб ал-Хизато во провинцијата Латакија. Руската војска претходно изведе неколку водушни напади на терористички позиции во Идлиб откако милитантите ја нападнаа турската воена позиција и руската воздухопловна база „Хмеимим“.