Откако добил вербална закана по живот струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска преку писмо соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да почне да раководи со градот Струга, пишува 24мк.
Мерко во телефонска изјава за тв 24 потврди дека доби закана која ја пријавил во полиција, но за став околку писмото кое предмалку излезе во јавноста адресирано до Премиерот Заев остана недостапен.
Во писмото кое предмалку излезе на неколку портали Мерко го информира Премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓудругото пишува дека вакавата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.