Познатиот хрватски кошаркар и тренер Александар Петровиќ на „Твитер“ напиша дека Цибона е пред затворање поради долг, додека Партизан со нешто поголем долг ја чека новата сезона во Евролигата.
Петровиќ свика и прес-конференција, се обиде да ја спаси Цибона, но акцијата во меѓувреме пропадна.
Сега ситуацијата на социјалните мрежи ја коментираше вака:
„Споредувајќи ја ситуацијата во регионот, гледаме дека еден клуб е пред банкрот и исчезнување поради долг од 5.000.000 евра, а има долг од 7.000.000 евра но ќе игра Евролигата“, напиша Петровиќ, алудирајќи на даночниот долг на Партизан.
Поранешниот селектор на Хрватска и Бразил потоа им посака среќа на црно-белите од Белград во Евролигата.
„Без селективно гледање и лицемерие. Само наведување на фактите каде се денес двата кошаркарски бренда. Нека му е со среќа на Партизан во Евролигата“, напиша 63-годишниот Петровиќ.