Израелски вооружени сили уапсија 11 Палестинци во ноќна акција спроведена низ окупираниот Западен Брег.
Во соопштение од армијата информираат дека уапсените се осомничени за учество во терористички активности, не се познати детали околу наводните активности.
Армијата на Израел неретко изведува вакви операции низ Западниот Брег, вклучувајќи го источен Ерусалим, во кои се приведуваат Палестинци, за кои тврди дека се објавени потерници.
Според статистички податоци на Палестина, околу 5700 Палестинци (мажи, жени и деца) во моментов се затворени во Израел.