Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија потпиша договор со Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, за реализација на проект за „Набавка на товарно возило – кипер” за потребите на Општината.
Средствата за набавката ќе бидат обезебедени од МЛС-БРР преку програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година и од буџетот на Општина Кисела Вода.
Со ова, остварена е уште една од заложбите на градоначалникот Филип Темелковски за подобрување на услугите на жителите на Општина Кисела Вода.
На потпишувањето на договорите со градоначалниците на Општините присуствуваа министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вицепремиерот на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.