Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе, објавија во четвртокот повеќе италијански медиуми.
Македонскиот репрезентативец со екипата од Удине договорил три годишна соработка, а во новиот клуб ќе го носи на грбот бројот 30. Истиот број Несторовски го носеше и во Палермо.
Несторовски во Удинезе се пресели како слободен играч, откако Палермо од страна Фудбалскиот сојуз на Италија беше исфрлен од Серија Д.
Македонскиот напаѓач претходните три сезони ги мина во Палермо. За екипата од Сицилија одигра 99 натпревари, на кои постигна 39 гола. Претходно бил играч на Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жишков, Словачко и Победа Прилеп.