Иран е одлучен да „ги остави сите врати отворени” за да се сочува нуклеарниот договор од 2015 година, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон.
– Европејците би требало да ги забрзаат своите напори за спасување на тој пакет, рекол Рохани, пренесува иранската државна телевизија.