Младите кошаркарки во четвртфиналето на ЕП

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години и официјално е четвртфиналист на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Скопје, благодарение на победата на Црна Гора над Хрватска (49-80) во рамки на последното коло од групната фаза.

Младите кошаркарки претходно забележаа сензационална победа од 55:53 против фаворитот Романија.Македонија во последниот меч за нас во фазата по групи успеа да направи голем пресврт и негативата од 8 поени разлика по првиот период, 12:20 да ја преточи во голема победа.

Прашањето околу победникот на натпреварот се реши во последните две минути. Беше 50-49, кога Матеа Атанасовска даде „двојка“, а потоа Димитријевиќ одговори со две погодени слободни фрлања (54-50). Романија преку Петроф постигна тројка на девет секунди пред крајот, но немаше време за нешто повеќе.
Најдобра кај Македонија во големата победа беше Илина Селцова со 12 поени, пред Матеа Атанасовска со десет поени, Матеа Николиќ даде девет, а Марија Димитријевиќ постигна осум поени. Кај Романија најистакната беше Андреа Мазлиу со 14 поени, пред Петроф и Кроитору со десет поени.

Само победа на Црногорките не носеше во следна рунда и таа се оствари со доминација на тимот во балканското дерби во сите четири четвртини. Еден од главните фаворити за трофејот си ја оствари задачата со „коцкестите“ по лесен пат и со максимални четири победи на четири средби продолжува во наредната рунда каде ќе се судри со Норвешка.

Македонија во четвртфиналето вкрстува со селекцијата на Словенија (15 јули, 16:30 часот). Дуелот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ и влезот за љубителите на кошарката е слободен. Сите четвртфинални натпревари се играат во оваа сала.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ЕП Б-ДИВИЗИЈА:
Турција – Германија (15 јули, 14:15)
Словенија – Македонија (15 јули, 16:30)
Израел – Грција (15 јули, 18:45)
Црна Гора – Норвешка (15 јули, 21:00)

ПОЛУФИНАЛЕ, ЕП Б-ДИВИЗИЈА:
ТУР/ГЕР – СЛО/МАК (16 јули, 18:45)
ИЗР/ГРЦ – ЦГ/НОР (16 јули, 21:00)

Треба да знаете
Последни објави