И по аферата, Штрахе летува на Ибица

Патниците на авионот за Ибица во Виена беа изненадени кога го видоа Хајнц Кристијан Штрахе, поранешниот австриски вицеканцелар, кој со својата сопруга и децата одлучи да го помине одморот на островот поврзан со аферата „Ибица”, која ја уништи неговата политичка кариера.

Пред две години, Штрасе беше на одмор на Ибица каде што се состана со наводната внука на еден руски милијардер, на која ѝ понуди државни работи за финансиска поддршка на неговата Либерална партија (ФПО) со заобиколување на финансиските контролни власти.

Таа вечер му беше подготвена замка, бидејќи целиот разговор, седум часа, беше сниман со видеокамери, а снимките беа објавени во јавноста пред изборите за Европскиот парламент во мај оваа година.

Поради своите изјави, иако сето ова се случи пред две години, Штрахе веднаш поднесе оставка на местото вицеканцелар, но исто така и лидер на ФПО.

По таков настан, и самото спомнување на Ибица ќе предизвика негативни чувства кај некого, но не и кај Штрахе, констатираат медиумите во Австрија.

Треба да знаете
Последни објави