Владата денеска до Собранието ќе достави предлог закон за јавното обвинителство според кое СЈО ќе се интегрира во ОЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, најави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Владата.
Според Заев, првиот човек на ова обвинителство ќе биде сегашниот прв човек на ОЈО за организиран криминал, Вилма Русковска, а понатамошниот избор на главниот човек на новото обвинителство ќе се врши со избор во Собранието со дво-третинско мнозинство.