На Ибица играч на Реал бил издрогиран па ограбен

Голем број фудбалери паузата меѓу две натпреварувачки сезони ја користат за одмор на егзотични места. Една од тие дестинации е и островот Ибица. На шпанскиот остров да се релаксира заминал и играчот на Реал Мадрид Феде Валверде со сопругата Мина. Но наместо убав одмор доживеале кошмар кој им го скратил престојот.

Шпанските медиуми јавуваат дека двојката била дрогирана, а потоа ограбен на островот за забава.

Мина Бонино, сопругата на играчот на Реал Мадрид, потврди дека морале да одат во болница бидејќи неколку луѓе околу нив се посомневале дека храната што ја изеле е отруена. Се верува дека главниот готвач на еден од рестораните намерно ја отрул храната на парот за да ги издрогира, а потоа да ги ограби.

Засега без дополнителни информации се известува и дека на сопружниците за време на одморот на Ибица му биле украдени 10 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави