Дарко Чурлинов се покажа како прескап за Шалке 04 и клубот од Гелзенкирхен одби да ја вклучи откупната клаузула за македонскиот репрезентативец, кој по ваквиот расплет на настаните, најави дека ќе се бори за своето место во Штутгарт.
Крилниот фудбалер се врати во клубот кој ги поседува неговите права и почна со подготовките, а на својот прв пријателски меч ова лето потврди дека тренерот треба сериозно да гледа на него.
Штутгарт го победи Цирих со пресврт, а еден од творците на победата беше Чурлинов кој го постигна голот за 2:1 во триумфот од 3:2.
Останатите два гола за Штутгарт ги постигна Ахмада, но мирната реализација на Чурлинов беше онаа која направи пресврт на натпреварот.
Македонецот биеше прецизно откосо и со помош на дирекот топката заврши на вистинското место, па така се претстави со гол на својот прв настап за Штутгарт по враќањето во клубот.