Куче попладнево било бркано и тепано со вила, а потоа, запалено со бензин. Случајот на социјалните мрежи го објавија жители на Стојково, Гевгелија. Тие велат дека чинот е монструозен, а кучето починало за кратко време.
Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат вакви убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин. Случајот ќе биде пријавен во полиција.
Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.