Единствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се неговите пипци .
Единствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а негова единствена цел е одбрана на криминалот на Никола Груевски и фамилијата.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се само пипците на тој октопод раководен од Груевски.
Како и многупати досега, од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, измислици и очајни обиди да се одбрани криминалот на Груевски и неговите соработници.
СДСМ покажува дека за нас борбата против криминалот не познава партиска припадност. Доказ за тоа е новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.
Од друга страна, Мицкоски побегна од лидерската средба и застана против правдата и одговорноста. Мицкоски повторно не успеа да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски.
Сите случаи кои се пред судовите а за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, ќе продолжат, нив ќе ги застапува новото Јавно обвинителство. Одговорност за сите овие предмети ќе има, колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.