Играчот за врска Франк Кеси изјави денеска дека клучно за неговата одлука да дојде во Барселона била можноста да игра под водство на тренерот Чави Ернандез.
– Кога толку голем тренер ќе те повика тогаш знаеш дека сите твои напори биле вредни за вложениот труд, изјави Кеси, кој дојде во Барселона откако му истече договорот со италијанскиот првак Милан.
– Многу сум среќен што сум дел од ова семејство и овој клуб. Одвај чекам да ги запознаам соиграчите и стручниот штаб, и да почнеме да работиме, додаде репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.
Кеси е универзален фудбалер, кој подеднакво може да даде придонес на теренот и во одбраната и во нападот.