Првото дете на принцот Вилијам (37) и војвотката Кејт Мидлтон (37) и иден крал принцот Џорџ (6) денеска ќе го прослави 6. роденден.
По повод прославата, Кенсингтонската палата веќе традиционално објави две нови фотографии на момчето снимени во градината на палатата. Малиот принц беше фотографиран од неговата мајка, војвотката Кејт. Кралското семејство потоа објави фотографии на официјалниот твитер-профил на Кенсингтонската палата.
The Duke and Duchess of Cambridge are very pleased to share new photographs of Prince George to mark His Royal Highness's sixth birthday 🎈 pic.twitter.com/BIxoxdw3ap
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) July 21, 2019
„Овие фотографии неодамна ги сними војвотката од Кембриџ во градината на Кенсингтонската палата. Ви благодариме на сите за прекрасните пораки и желби за роденденот на принцот Џорџ“, пишува под фотографиите.
Покрај двете фотографии на Џорџ во фудбалски дрес, војвотката Кејт направи уште една на која момчето позира во темнозелена маица и кратки панталони во риги.