По фамозната када која беше пронајдена на дното на Охридското езеро на 100 метри оддалеченост од брегот, на истата локација извадена е и вреќа со градежни плочки, а нуркачкиот клуб Aкватек претпоставува дека се работи за санитарни реквизити од истото реновирање на несовесниот граѓанин.
Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.
Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.
(Видео и фото: Акватек)