Ѓоковиќ со голем пресврт против Синер во полуфинале на Вимблдон

Спектакуларното четвртфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер донесе пет сета и победа на бранителот на титулата од лани (5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2). Италијанскиот тенисер имаше златна можност да стигне до своето прво полуфинале, но испушти два сета позитива и на крај го призна поразот.

Србинот започна очекувано и прв стигна до брејк. Меѓутоа нешто се промени, па неговиот ривал подобро ги читаше ударите и направи пресврт. На крај Италијанецот стигна до предност и со висока самодоверба влезе во вториот сет. Идентични проблеми за првиот носител донесе продолжението. Овојпат поубедливо младиот ас од Сан Кондидо, кој со 6-2 стигна на чекор од изненадување во Лондон.

Но, Ѓоковиќ не би бил шампионот што е ако се откаже во намерата да направи пресврт. Неговиот прв сервис започна да функционира и му овозможи прилично лесно освојување на првиот сет. Играта на фаворитот достигна високо ниво и во четвртиот сет, кога Синер се обиде да го избегне налетот, но во тоа не успеа. Во еден момент падна и се чинеше ја повреди ногата, но продолжи да игра и да биде дел од одлучувачкиот сет.

Шесткратниот победник на турнирот направи брз брејк и си го отвори патот кон победата. Потоа сигурно сервираше и со нов одземен сервис му пресуди на младиот противник. Противник на Ѓоковиќ ќе биде Давид Гофин или Камерон Нори.

Треба да знаете
Последни објави