Скандалозниот случај „Рекет“ сериозно му наштети на кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки, и неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали, дефинитивно укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет, но и политички кредибилитет да ја води оваа земја, изјави генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа.
„Движењето Беса има многу забелешки со неспроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението. Подготвени сме да дадеме свој придонес за да го отклучиме реформскиот процес, но за возврат од Владата бараме да го утврди датумот на предвремени парламентарни избори а до тој датум подготвени сме да седнеме и да ги обезбедиме најдобрите решенија што ќе бидат во согласност со препораките на Европската комисија“, рече тој.
Тој додаде дека Беса е убедена дека октомври нема да донесе никакви промени во врска со добивање на датум за отпочнување на преговори со Европската унија и дека овој месец е само купување време од страна на актуелната влада.
„Ние како опозициска партија сакаме да и сопштиме на јавноста дека сме спремни да пружиме рака за соработка со парламентарното мнозинство со цел да се договориме за да се утврди датумот за предвремени парламентарни избори, а се до нивно спроведување, Владата да го спроведе договорот за уставни измени, да го донесеме законот за јавното обвинителство и да се прифати решение за пописот со што пописот на населението да е само од статистички од карактер додека политичките права на етничките заедници се регулирани преку Регистарот за електронско управување во рамките на Министерството за информатика и јавна администрација“, рече Хоџа.