Во улицата Цар Душан во Белград се запали трезорот на „Директна банка”.
На теренот се наоѓаат три противпожарни и две полициски возила. Многу луѓе се насобраа пред банката, објави РТС.
На самото место на настанот се упатени екипи на Итна медицинска помош.
Како што известува РТС, нема повредени.