Ливерпул и Челзи ремизираа на дербито

Ливерпул и Арсенал одиграа без победник во првиот меч од денешната програма од 21.коло во Премиер лигата.

„Црвените“ и „сините“ останаа без муниција на средбата на „Енфилд Роуд“, резултат кој беше непосакуван од двете екипи затоа што истиот воопшто не им помага во борбата, обидот да се дојде до Топ 4 на табелата, односно позиците кои водат во ЛШ во наредната сезона.

Најзвучното засилување на „црвените“, Коди Гакпо одново се најде во стартниот тим на Клоп, но повторно не ги покажа своите квалитети во целост и не погоди ниту во својот четврти настап, додека на спротивната страна Грем Потер шанса од првата минута му даде само на едно зимско засилување. Бадиашил доби предност пред Кулибали, додека најскапото ново име во јануари, Мудрик остана на клупа, но влезе во 55. минута и веднаш го покажа својот раскошен талент.

Челси постигна гол во раната фаза, ама беше поништен во раната фаза. Во вториот дел пак најблиску до погодок беше Мудрик кој имаше идеална шанса откако ја измеша домашната одбрана, ама шутираше крај голот.

Украинецот имаше добри потези, моменти и дефинитивно најави дека ќе биде квалитетно засилување за тимот предводен од Грем Потер.

Од тоа што треба да се издвои и дека ова за германскиот стручњак Јирген Клоп беше 1000. меч во неговата кариера.

Треба да знаете
Последни објави