Џејкоб Хазел (28), момчето на телевизиската презентерка и позната јутјуберка Емили Хартриџ (35), која почина минатата недела возејќи електричен тротинет, ги откри деталите што ѝ претходеа на ужасната несреќа.
Тој призна дека ѝ го купил електричниот тротинет за нејзиниот 35-ти роденден, само една недела пред трагедијата, пишува „Сан“.
„Луѓето ми кажаа дека јас сум виновен за несреќата, бидејќи ѝ купив тротинет, но не треба да мислам така. Нејзиното семејство ми кажа дека не сум виновен“, рече Хазел.
Тој, исто така, откри дека Емили починала на пат кон клиника за плодност. Откако задоцнила на терминот кај лекарот, Јаков знаел дека нешто не е во ред. Таа настрадала додека возела по прометна улица и удрила со тротинетот во камион. Таа носела шлаем, а нејзиниот трагичен случај предизвика бројни дебати за безбедноста на електричните тротимнети, новиот тренд на улиците и на патиштата низ целиот свет.
„Требаше да основаме семејство. Моето срце е скршено“, вели Јаков.