Извештајот на Иран дека уапсиле шпиони на ЦИА е сосема неточен. Нема ни зрно вистина во него. Само новилаги и пропагандалиферувани од религиозниот режим кој е неуспешен и нема идеја што да прави, тврди американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, пренесува РТ.
„Нивната економија е мртва и ќе биде уште полошо. Иран е во тоттален хаос!“ додаде Трамп
Твитот на Трамп следи по изјавата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, кој претходно го отфрли сопштението дека Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската ЦИА и осудил дел од нив на мсртна казна.
„Иранскиот режим има долга историја на лажење”, рече Помпео во интервју за „Фокс њуз“.