Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023

Македонската кошаркарска репрезентација со домашен пораз Украина од 68:73 (21:35, 16:12, 16:10, 15:16) ги заврши квалификациите за Светското првенство во 2023 година, што претставуваше шести пораз во шесте меча од групата Г, каде што Грузија е прва пред Шпанија и Украина.

Македонските кошаркари лошо влегоа во мечот, и дозволија Украина да постигне дури 35 поени во првата четвртина и а направи предност од 14 поени, кои подоцна се покажаа како недостижни и покрај подобриот квалитет во втората и посебно третата четвртина. Македонија успеа да дојде на достижни четири поени пред последната четвртина, но потоа повторно дојде лоша серија и Украинците се одвоија на 57:69.

Момците не се откажаа и на три минути до крајот имавме четири негатива (65:69), но Украинците успеаја да изддржат и да си заминат со победа од Скопје.

Андреј Јакимовски беше најефикасен за Македонија со 17 поени и 9 скока, додека немавме одговор за Свјатослав Михајлук, кој имаше 23 поени за Украина.

 

Треба да знаете
Последни објави