Поддршката од страна на швајцарската Влада е насочена, меѓу другото, и на инфраструктура и животна средина, конкретно на заштита на природата, третман на отпадни води и управување со цврст отпад, порача швајцрската амбасадорка Сибил Зутер-Техада на денешнатља средба во Скопје со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Зутер-Техада, инфомрираат од МЖСПП, изрази поддршка и задоволство за долгорочниот пристап за наоѓање соодветни решенија во исполнување на критериумите на ЕУ во областа на животната средина и како главни предизвици ги предочи градење на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање и имплементација и извршување на законите.
Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката што Швајцарија ја дава за подобрување на целокупната заштита на животната средина, и додаде тои претставува еден од најголемите донатори во оваа област. Тој ја информираше амбасадорката за долгорочните цели на Министерството, како и за планираните реформски мерки во овој ресор.