Француската подморница „Минерва“, која изчезнала во 1968 година со 52 членови на екипажот е пронајдена недалеку од пристаништето Тулон, соопшти француската министерка за одбрана, Флоранс Парли.
„Тоа што ја пронајдовме Минерва е успех, олеснување и технички подвиг“, изјави Парли, пренесе „Анса“.
Таа додаде дека нејзините мисли се со членовите на екипажот кои долго чекале на овој момент.
Владата одлучи лани да ги обнови напорите да ја пронајде „Минерва“ на повтореното барање на семејствата. Причината за потонувањето на подморницата не е позната.