Досегашниот фудбалер на алтуелниот англиски шампион Манчестер сити, Габриел Жезус се пресели во Арсенал.
Прес-службата на лондонскиот клуб соопшти дека напаѓачот потпишал долгорочен договор, но не ги прецизираше условите.
Жезус ќе го носи дресот со број 9. Претходно беше објавено дека „топчиите” ќе платат 45 милиони фунти за Бразилецот, а играчот ќе потпише договор со Арсенал до 2027 година.
Фудбалерот е во Манчестер сити од 2016 година. Со тимот, четири пати ја освои Премиер лигата и Лига купот, два пати го освои ФА Суперкупот и еднаш го освои ФА Купот.