Напаѓачот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Лаутаро Мартинез потврди дека нема да го напушти тимот ова лето. Претходно се шпекулираше дека играчот би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем.
– Останува уште помалку од еден месец до почетокот на сезоната. Уште една година заедно, напиша Мартинез на социјалните мрежи.
Актуелниот договор на Мартинез со миланскиот клуб истекува во летото 2026 година.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 70 милиони евра. Мартинез минатата сезона забележа 49 настапи за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 25 гола и четири асистенции.