Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во работна посета на Јалова, Република Турција. Во текот на својот престој во Јалова, министерот Хасан оствари средба со претставници на Стопанската Комора на Јалова. Фокус на средбата беа новите економски политики и подобрената бизнис клима која е привлечна и за домашни и за странски инвеститори. Министерот Хасан им ги презентираше новите измени на Законот за Финансиска поддршка на инвестиции кои беа усвоени со цел да се подобрат условите за деловно работење и да се зголемат инвестициите со што ќе се поттикне економскиот раст на македонската економија. На средбата исто така се дискутираше за актуелни прашања и предизвици во поглед на бизнисот и инвестициите, министерот Хасан ги покани претставниците на Стопанската Комора да ја посетат нашата земја, да го увидат нејзиниот потенцијал и ги охрабри да инвестираат во Република Северна Македонија.
Во склоп на посетата на Јалова министерот оствари работна средба со градоначалникот на Јалова, г-дин Вефа Салман и гувернерот на Јалова, г-дин Муаммер Ерол. На средбите се разговараше за актуелните регионални случувања, можноста за проширување и продлабочување на соработката помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, а воедно беше изразено и задоволство за добрите пријателски односи од двете страни.