Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО, дознава Алсат. Дополнителни информации сѐ уште не се откриваат.
Во меѓувреме, од Јавното обвинителство информираа дека е обезбеден и другиот телефон на Јанева, за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице коешто изјавило дека му бил даден на подарок.
Од Специјалното јавно обвинителство информираа и дека обвинителката Лиле Стефанова не е уапсена.
„Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека обвинителката Лиле Стефанова е уапсена вчера.
Воедно апелираме до сите медиуми да не се објавуваат било какви информации, без претходно да бидат проверени, стои во соопштението од СЈО