Специјалната Обвинителка, Катица Јанева, во 13 часот ќе одржи прес конференција во просториите на СЈО, објавено е на интернет страната на Специјалното јавно обвинителство.
Голем број новинарски екипи од пред час и половина се пред влезот на СЈО во очекување да добијат одговор на многу прашања по отворањето на случајот „Рекет“ од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал. По отворањето на случајот, Јанева досега се нема обратено пред медиумите.