„Чувар на тајни” – нова книга на Јован Стрезовски

Во едицијата „Современа македонска проза” на „Матица македонска” објавена е книга кратки раскази „Чувар на тајни” од Јован Стрезовски, кои ја  тематизираат реалноста од нашето секојдневие.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) е автор на богат поетски и прозен опус. Според сценарио на неговиот  роман „Води” е снимен антологискиот игран филм „Време, води” на Бранко Гапо.

За своето творештво Стрезовски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на „11 Октомври”, „Стале Попов” и „Ацо Шопов”.

Треба да знаете
Последни објави