Рохани: Ние сме чувари на безбедноста во Персискиот Залив

Иран бил и ќе биде чувар на безбедноста и слободната пловидба во Персискиот Залив, Ормутската Теснина и во Оманското Море, порача претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Тој тоа го рекол по повод заплената на британскиот танкер од страна на иранската револуционерна гарда.

Велика Британија соопшти дека сака да оформи мисија под европско водство за надзор и заштита на бродовите во тоа подрачје.

„Иран не сака ескалација на актуелните тензии во регионот и со другите земји и никогаш нема да почне војна или некаков конфликт“ рекол Рохани, пренесе италијанската агенција АНСА.

Рохани повика на дијалог и на регионална соработка.

Треба да знаете
Последни објави