За да откриете дали намирниците во замрзнувачот цело време додека сте на одмор биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе замрзне, на неа ставете монета.
Ако по враќање од одморот монетата ја најдете на дното од чашата, тоа значи дека подолго време немало струја и водата се одрмзнала.
Во тој случај најдобро би било сета храна од замрзнувачот да ја фрлите затоа што и таа се одледила како водата и повеќе не е здрава за употреба.