Крај на сите шпекулации – Мо Салах потпиша нов тригодишен договор со Ливерпул

Мохамед Салах стави крај на сите шпекулации и по долги преговори потпиша нов тригодишен договор со Ливерпул, со кој ќе остане на „Енфилд“ барем до 2025 година.

30-годишниот египетски голгетер влегуваше во својата последна сезона од договорот, и шпекулациите велеа дека бара премногу пари за да остане кај „црвените“, но Ливерпул пратија своја „делегација“ до Салах, кој е на одмор на Медитеранот, и тој стави потпис на нов договор.

„Се чувствувам одлично и возбуден сум што освојувам трофеи со клубот. Ова е среќен ден за сите нас. Беше потребно подолго време да се стигне до договор, но сега тоа е завршено и гледаме кон иднината. Нашиот клуб оди напред последните пет-шест години. Лани бевме блиску до четири титули, но загубивме две. Сега сме во добра позиција да се бориме за сите трофеи“, изјави Салах.

Салах има 156 гола во 254 настапи за Ливерпул откако пристигна од Рома во 2017 година, освојувајќи титула од Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА купот и Карабао купот.

Треба да знаете
Последни објави