И покрај санкциите и другите преземни мерки, во обид да се спречат нивните активности пред изборите во САД во 2020 година, Русите се решени да продолжат да се мешаат во американските избори, изјави директорот на
Федералното биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј, цитиран од британските медиуми.
Реј ова го кажа за време на сослушувањето во Правната комисија на американскиот Сенат, што беше претходница на денешното појавување пред Конгресот на специјалниот обвинител Роберт Милер, кој ќе сведочи за своето двегодишно истражување за претпоставеното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година во корист на тогашниот републикански кандидат, а сегашен претседател, Доналд Трамп.
Претседателот на Правната комисија, Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, го праша директорот на ФБИ дали тоа што го изјави значи дека Москва продолжува со истата активност, и покрај сите санкции од страна на Вашингтон.
„Да”, одговори Реј.
– Сметам дека тие нема да запрат, се додека (санкциите) се недоволни за да ги натераат да се воздржат, рече директорт.
Тој потврди дека американската специјална контраразузнавачка служба периодично го информира претседателот Трамп за своите активности за пресекување на странското мешање во изборните процеси во земјата.