Најмалку 25 лица беа повредени во Анталија кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка слета од патот и се преврте.
Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници биле префрлени во болниците во Кемер и во блискиот град Кумула, според „Анадолија“.
Приватната агенција ДХА објави дека повеќето од повредените биле од Полска, и дека двајца се во лоша состојба.
Се наведува дека возачот ја загубил контролата над автобусот, иако причината за несреќата сѐ уште не е позната.