(Видео) Дуплантис во Стокхолм со нов небесен скок го подбри светскиот рекорд

Швеѓанецот Арманд Густав Дуплантис повторно блесна со небески скок со стап на митингот во Стокхолм од Дијамантската лига и постави нов светски рекорд со висина од 6 метри и 16 сантиметри.

Апсолутниот владетел во оваа дисциплина пред својата публика си го подобри рекордот за еден сантиметар, по скокот од 6.15 во март во 2020 година.

Дуплантис е светски рекордер и во сала со скок од 6.20, а сега му се доближи на тој скок со висина од 6.16 на отворен простор.

Дуплантис е модерниот Бубка и едноставно е недопирлив за конкуренцијата, па при секој нов митинг, тој се предизвикува самиот себеси и го подобрува својот рекорд.

Треба да знаете
Последни објави