Од удар на гром во текот на невремето проследено со обилни дождови на истокот од Индија, загинаа најмалку 20 лица.
Владиниот претставник, Амод Кумар Шаран, изјави дека инцидентот се случил во вторникот, со што бројот на загинати лица во државата Бихар, надминува 100 починати од молњи и поплави од почетокот на сезоната на монсуни во јуни.
Само во неделата во државата Утар Прадеш, од удар на гром починаа 33 земјоделци кои работеле на поле.
Повеќе милиони луѓе во Индија се погодени од поплави и лизгање на земјиштето предизвикано од обилните монсунски дождови.