Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, му ја честиташе новата функција на Борис Џонсон. Но, го погреши името на земјата на која Џонсон стана премиер.
Во својата објава на „Твитер“, Иванка напиша: „Му честитам на Борис Џонсон што стана нов премиер на Обединетиот Кингстон.“
Корисниците веднаш ја искористија можноста да се пошегуваат со ќерката на американскиот претседател, а таа брзо ја преправи својата објава.