Палестинскиот претседател Махмуд Абас за утре вечер свика итен состанок на целото раководство во резиденцијата на претседателот во Рамалах, соопшти портпаролот Набил Абу Руденех.
– Во светло на големите предизвици кои продолжуваат на сите нивоа од израелска страна, без разлика дали станува збор за повлекување на палестинските средства или продолжување на деструктивните и отфрлени активности за ширење на населбите, како и уништување на палестинските домови, претседателот свика итен состанок в четврток вечер на кој ќе се донесат важни одлуки во одговор на сите тие предизвици и кршења на претходните договори, наведува Руденех.
Портпаролот на Абас нагласи дека „состанокот ќе претставува пресвртница на сите нивоа, во врска со израелските акции и отфрлање на американските предизвици и нивните обиди да се поддржат израелските провокации, како и да се создаде фактичка состојба на теренот, која нема ништо заедничко со легалитетот и палестнските права”.