Македонија ЃП продолжува во Банско каде ќе се тестира со АПОЕЛ, Стеауа…

Освојувачот на фудбалскиот Куп, тимот на Македонија Ѓорче Петров ги продолжува подготовките во Банско, каде ќе има и четири пријателски натпревари во период од 2 до 13 јули.

„Лавовите“ најпрво ќе се соочат против нигерискиот тим Мавилон на 2 јули, по што следи пресметка против кипарски АПОЕЛ на 7 јули, а три дена подоцна ќе играат против романските тимови Политехника и Стеауа.

Македонија ЃП во Конференциската лига ќе се соочи против ЦСКА Софија, а првиот меч се игра на 21 јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави