(Видео) Андоновски и го исполни сонот на фудбалерка која е родена со хендикеп

Американката Карсон Пикет која е родена со хендикеп ќе влезе во историјата на женскиот фудбал која одигра натпревар. Пикет на мечот со Колумбија (2:0) стана првата фудбалерка со хендикеп која одиграла фудбалки натпревар. Пикет е родена со хендикеп на левата рака, но ова е уште еден доказ дека со многу љубов и труд сонот се исполнува.

Дел од оваа историја ќе биде и Македонецот, Влатко Андоновски кој е селектор на САД и одлучил на овој меч на Пикет да и даде шанса од првата минута.

-Карсон тренираше добро во изминатите денови и среќен сум што одигра добри 90 минути, изјави Андоновски по мечот.

Треба да знаете
Последни објави